Sunday, 27 September 2026

🌸📖 ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2026 📖🌸

 

🌸📖 ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2026 📖🌸 На 26.09.2026 година во Ресен се одржа седмата поетска манифестација „Детски гласови 2026“, организирана од здружението Жар Преспа, исполнета со поезија, детска радост, творештво и дружење. ❤️🌸 Од нашето училиште учествуваа ученичките Мила Јаневска и Мила Станкоска од VII-1 одделение, под менторство на наставничката по македонски јазик Виолета Трпевска. 📝🌷 🏵️ За учеството, ученичките добија благодарници, а Мила Јаневска доби и пофалница од стручното жири. 👏📜 🌸 Во рамките на програмата беа реализирани: 🕑 14:00 часот – Дружење на авторите, учесниците и менторите во манастирот „Свети Никола“ во с. Јанковец, со книжевна работилница и промоција на сликовницата за деца „Ива и Џуле“, како и „Цветна штафета на мирот“ од Живко Поповски – Цветин. 🌸📖 🕓 16:00 часот – Свечена манифестација во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен, со промоција на стихозбирката „Детски гласови 2026“, литературно читање на песните, доделување збирки, пофалници и награди. 📚🎤🏆 🎂 Манифестацијата беше збогатена и со одбележување на седмиот роденден на Здружението „ЖАР ПРЕСПА“ – Ресен, со музички и танцови точки. ❤️ 🌷✨ Горди сме на нашите млади поетски творци! ✨🌷

















No comments:

Post a Comment

💻📚 НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СОВРЕМЕНО ОБРАЗОВАНИЕ! 🖥️✨

💻📚 НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СОВРЕМЕНО ОБРАЗОВАНИЕ! 🖥️✨ 🏫 Нашето училиште, ООУ „Св. Климент Охридски“, е побогато со нови компјутери и интера...