Среќен и незаборавен прв училишен ден на сите првачиња!
Денес започнува едно ново, прекрасно поглавје исполнето со многу љубопитност, нови другарства, искрени насмевки и први чекори кон големото знаење.
На сите првачиња им посакуваме училишните клупи да им бидат место на радост и игра, а секој нов ден да им носи нови успеси. Чекорете храбро, учете со љубов и никогаш не престанувајте да сонувате!
Со среќа на сите мали училишни патници!
Овој први септември е свечен за 44 нови првачиња во нашето училиште.
Добре ни дојдовте наши мали ученичиња! Ви посакуваме среќа и успех во првото поглавје од вашето школување под закрила на вашите први наставнички Тања Петков, Лиле Велјановска и Симона Ѓорѓиевска!


No comments:
Post a Comment