Годишен собир на уредници на Википедија – „Вики камп“ и „Вики тим билдинг“ во Охрид
- Оваа година Охрид беше местото на годишниот собир на уредници на Википедија на македонски јазик. Во периодот од 11 до 13 септември, Викимедија МКД го организираа осмиот по ред „Вики-камп“, во чии рамки младите википедијанци, ученици кои членуваат во Вики клубовите во Македонија создаваат нови содржини на македонски јазик на слободната интернет-енциклопедија Википедија. Присутни на настанот беа Наташа Старделова- координатор на Вики клубот од нашето училиште и Мила Филиповска поранешна деветтодделенка, сега средношколка во гимназијата ,,Јосип Броз- Тито", која сега и официјално продолжува да уредува во Вики клубот на гимназијата со професорката Ирена Трајковска- Стерјовска.
- Од 2016 година, учениците од Драчево се дел од приказната на првиот Вики-клуб во Македонија, основан во Музејот на македонската борба — приказна што во 2026 година одбележува 10 години.
- Учениците од Драчево првично почнаа како дел од овој матичен клуб во Музејот. Поради оддалеченоста на населбата и неможноста редовно да патуваат до центарот, на почетокот на 2018 година беше формирана посебна независна секција / Вики клуб директно во Драчево. (https://meta.wikimedia.org/wiki/Grants:Project/Rapid/UG_GLAM_Macedonia/Lectures,_Edith-a-thons_and_awards_for_students/Report)








No comments:
Post a Comment