Вчера, 17.9.2026 година во нашето училиште се одржа работилница „Мојата приказна, мојот идентитет“ со осмоодделенците во рамките на проектот:„ Мостови на соработка и толеранција“ во организација на здруженијата IEC Macedonia, Среќен живот- Тетово и Детска планета - Скопје, а е поддржан од Министерство за односи меѓу заедниците на Република Македонија. Обучувач на работилницата беше Маја Трајковиќ- библиотекар-ментор, а нашата библиотека беше домаќин кој ги пречека претставниците на здруженијата и Министерството.
Во опуштена и игрива атмосфера преку едукативни, дијалошки и културни активности проектот поттикна дијалог и активно граѓанско учество кај учесниците, придонесе кон намалување на предрасудите и етничката дистанца, ја промовираше еднаквостта, недискриминација и заедничките вредности, како и мултикултурниот карактер на нашето општество.








No comments:
Post a Comment