🔬🧮 КРЕАТИВНА МАТЕМАТИКА – ЕВРОПСКА НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ 2026! 🌟
По повод „Европската ноќ на истражувачите 2026“, Природно-математичкиот факултет во Скопје организира интересна работилница „Креативна математика“, на која учениците имаа можност да го откријат возбудливиот свет на математиката преку креативност, иновации и современа технологија! 🎲🧩
📅 Датум: 25 септември 2026 година 🕐 Време: 13:00 – 17:00 часот 📍 Локација: Лабораторија М135, Институт за математика, ПМФ – Скопје
✨ Група ученици од 7-2 под водство на нивната наставничка по математика, Марија Лозаноска, учествуваа во работилница по математика, и имаа можност да се запознаат со процесот на дизајнирање и 3Д-печатење едукативни друштвени игри и да откријат како математиката може да биде забавна, креативна и применлива во секојдневниот живот.
👩🔬👨🔬 🌟 Математиката е насекаде – ние ја откриваме заедно!
#ЕвропскаНоќНаИстражувачите2026 #КреативнаМатематика #ПМФ #Математика #Наука #Иновации #3ДПечатење #УчимеПрекуИгра
No comments:
Post a Comment