🌟 ВАЖЕН ПОЧЕТОК НА ЕДНА ЗНАЧАЈНА ИНИЦИЈАТИВА! 🌟
Со особена гордост споделуваме дека пилот-програмата на „Star for Life“ во Македонија започнува токму во нашето училиште – ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево! 💫📚
Ова е голема чест за нашето училиште и можност за нашите ученици да бидат дел од иницијатива која поттикнува личен развој, градење самодоверба, откривање и развивање на потенцијалите и подготовка за иднината. 🌱✨
🎉 По повод официјалниот почеток на програмата, на 30 септември 2026 година, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, се одржа свечена Гала вечер, со која беше одбележан стартот на „Star for Life “.
Горди сме што нашето училиште е дел од почетокот на оваа значајна приказна и веруваме дека програмата ќе отвори нови можности за нашите ученици – да веруваат во себе, да ги препознаат своите способности и храбро да ги следат своите соништа. ⭐
На настанот со своја точка настапија и учениците од 3-1 и 4-1 одделение и ја збогатија програмата на прославата. 💓💛💜
💙 ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево
🌟 Веруваме во потенцијалот на секое дете!
#StarForLife #StarForLifeMacedonia #ООУСветиКлиментОхридски #Драчево #Образование #Ученици #Можности #Самодоверба #ЛиченРазвој #ВерувајВоСебе #СледиГиСвоитеСоништа
No comments:
Post a Comment