Денес, 06.10. започнува Неделата на детето со читање на Конвенцијата за правата на детето и појаснување на поимот Недела на детето. Воедно, објавуваме литературен и ликовен конкурс под мотото "Детето денес-иднината утре". Литературните и ликовните творби кои ќе ги одбереме ќе бидат читани и изложени во петок на свечената приредба.
Во вторник, на 7.10 ќе има изработка на пораки за детските права и креирање на пано со нив, а во среда, на 8.10 е спортскиот ден за Вело полигонот, во четврток, 9.10 ќе ја гледаме театарската претстава „ Music Talent Show“, а во петок, 10.10, ќе има свечен прием на првачињата во Детската организација.
No comments:
Post a Comment