11 Oктомври
Дојде убавиот празник
11 Октомври го прославуваме
Со нашите родители,секаде патуваме
убавата наша татковина ја посетуваме
Од Александар Македонски
па се до денес,се бориме за нас
тоа го пееме на глас!
11 Октомври е овој празник
Убав ден,тој е гласник
Од пред века,се бориме
и на свои нозе гордо стоиме
Македонија златна,поубава нема
За нашата слобода нема цена
Наш празник е!
Гордо македонското знаме го вееме
За 11 Октомври,празнични песни пееме!
Меланија Георгиева V2
11 Oктомври
Убава татковино мила
Твоите празници се убави
како нежна свила.
Во секој наш град
И во секое село има мир
Нашата татковина
има спокоен сончев шир.
Знамиња на небото
се веат
Сите деца на празникот
гласно пеат.
Низ Македонија тече голема река
Таа ќе носи спомени до века.
Антонија Спасовска V2
11 Oктомври
Сите луѓе знаме веат
11 Октомври го славиме ние
Но, дали и вие?
Денес татковината се радува
Народот е среќен,тивко пее
Секое дете,убаво се смее
Дојде празникот 11 Октомври
Нашето сонце убаво не грее
Нашите реки водата ја леат
Како тивко и тие да си пеат!
Ања Анѓеловска 5-2
11 Oктомври
Децата насмеани велат
Јас сум среќно дете!
Македонските знамиња се веат
додека дедовците со солзи пеат!
Се бореа за мир тие
За да сме среќни ние
Очекуваа победата да ја празнуваме
Денес со песна ние се радуваме!
Калина Василевска V2
11 Oктомври
Единаесетти октомври дојде
долго ќе се слави
децата трчаат по ливада
а реката среќно и тивко си жубори
Децата песни ќе пеат
Гордо со знамето ќе веат
Овој празник наш
ќе се слави до века во секој час!
Мартина Тодорова V2
No comments:
Post a Comment