Friday, 10 October 2025

Прием на првачињата во Детската организација

ВЕТУВАЊЕ

 

Во овој момент

 

Ветувам на сиот глас

 

Дека моите наставници

 

Ќе ги почитувам јас!

 

Секоја задача ќе се обидам

 

Со леснотија да ја решам,

 

Но, Ве молам, простете

 

Ако некогаш згрешам!

Во овој момент,

 

Давам чесен татковински збор,

 

Ќе се дружам со другарчињата

 

Во училишниот двор.

Со ова ветување денес, 10.10.2025 година, новите првачиња во нашето училиште положија заклетва и станаа членови на Детската организација во нашето училиште.  

Честитки до сите првачиња.

 Погледнете галерија со слики од приредбата која им ја подготвија нивните постари другарчиња и поминувањето под знамето.  













































































 


No comments:

Post a Comment

Започнува месецот на книгата 2025

  Со задоволство го прогласуваме Месецот на книгата за отворен заедно со конкурсот кој ќе трае цели 30 дена „Светот меѓу двете корици“. Сите...