Денес, 5.10. 2025 во Домот на културата ,,Билјана Беличанец" се одржа панел-дискусија под мотото ,, Магијата е во знаењето" на која збор зедоа Министерката за образование, Весна Јаневска, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер, деканката на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и претседателката на Сојузот на просветни работници на Македонија, Лидија Николовска-Георгиевска, но и нашите наставник- ментор Биљана Илиева и претставникот од Советот на родители Магдалена Весковска. Во текот на панел-дискусијата се дебатираше околу улогата на учителот во денешното образование, каде чинители се не само учителите, туку и учениците и родителите во зедничка спрега, поддржани од општеството и државата.
На крајот на настанот беа доделени и наградите за „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година.
✨️Магијата е во знаењето!✨️
👩🎓„Наставникот е срцето на образованието – преку него знаењето добива душа, а ученикот – насока.“👨🎓
Нека ни е честит денот на наставникот!✨️
No comments:
Post a Comment