Wednesday, 29 April 2026

Сликање на платно во 4-2 одделение

 Убавините, шаренилото на пролетта насликано на платно. Учениците од IV -2 одделение. Одделенски раководител Ане Мишовска






Tuesday, 28 April 2026

Одбележување на 28.Април- Светскиот ден за безбедност и здравје при работа ⛑️🧤🥽

 








Одбележување на 28.Април- Светскиот ден за безбедност и здравје при работа ⛑️🧤🥽


Денес, 28. Април, беше одбележан Светскиот ден за безбездност и здравје при работа. 

🥉Со голема гордост соопштуваме дека нашиот ученик, Василиј Ѓорѓиевски 6-1 одд., под менторство на наставничката Виолета Трпевска,  е награден со трето место на литературен конкурс ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2026". ✍️

Честитки за успехот! 👏🍀🎉

Донација на книги за училишната библиотека од Општина Кисела Вода и НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје


 По повод Денот на книгата, нашата училишна библиотека е побогата со донацијата книги од Општина Кисела Вода и НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје.

👉По повод Светскиот ден на книгата и на авторското право, 23 Април, Националната библиотека на Македонија 🇲🇰 и донираше на општина Кисела Вода 250 книги, кои се распределени по основните училишта низ општината.
🤝Благодарност!

Eдукативна работилница за садење со учениците од 2-1 и 2-2 одделение

 

Monday, 27 April 2026

Финална мобилност од проектот ,,Game for Sel" во Австрија

 Од 20 до 24 април 2026 година се одржа последната мобилност од Еразмус проектот,,Game for Sel" во Лиенц, Австрија. На мобилноста од нашето училиште беа координаторот на проектот, Тања Петков, менторот во нашето училиште Биљана Илиева  и наставниците Александар Ѓеорѓиевски и Марија Лозаноска. Секој ден имаше претставување на секоја земја на учениците во училиштето во Австрија.  Нашето училиште ја претстави нашата земја од владеење на Александар Македонски до денес. Ги запозна учениците со ликот на Тоше Проевски и Горан Пандев. Беа претставени нашите традиционални јадења, а децата имаа можност да пробаат ,,Македонски ајвар". Исто така, беше направена и работилница за денот на Земјата, која беше многу интересна за учениците.





















Финална активност од проектот „Насилството не е кул"

 Вчера, 29.4.2026 година, седмоодделенците од нашето училиште ја имаа финалната работилница од проектот „Насилството не е кул" во ООУ „...