🚲 Како изгледа училиште каде учениците пристигнуваат безбедно, активно и со насмевка? Токму така изгледа иднината што заедно ја градиме. 🚶♂️🚴♀️
Во Св. Климент Охридски Драчево беше одржан тренинг за наставници и едукатори, посветен на организирање безбедно групно возење велосипед за ученици – бицибус, како и групно пешачење до училиште – педибус.
Програмата беше насочена кон запознавање со придобивките и предизвиците на овие модели на активна мобилност. Наставниците активно учествуваа во работниот дел, предлагаа идеи и исцртаа рути по кои во следниот период ќе организираат бицибус и педибус заедно со своите ученици. 🗺️
Дополнително, учесниците се запознаа и со концептот училишни улици, кои овозможуваат побезбедна, почиста и помирна околина околу училиштата преку ограничување на моторниот сообраќај во утринските часови. Со вакви решенија се поттикнува здрав и активен начин на пристигнување на учениците до училиштето. 🌿
На тренингот учествуваа наставници од:
📍 @DameGruevErdzelija
📍 ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино
📍 ООУ „Панајот Гиновски“ – Бутел
📍 ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево
📍 СУГС „Георги Димитров“ – Скопје
До крајот на учебната година, училиштата ќе реализираат активности со учениците преку организирање педибус и бицибус рути. 🙌
Тренингот е дел од Еразмус+ проектот „School Streets: Enjoy Your Journey to School“ (референтен број: 2024-1-HU01-KA220-SCH-000245303), финансиран од Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се ставови на авторот/авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската Унија или на Европската Извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.
@topfans







No comments:
Post a Comment