🌏 На 21 април, Светскиот ден на креативноста и иновативноста во организација на Инова - Агенцијата за иновации и научно технолошки развој и претприемништво во МКЦ се одржа ,,Зеленикс" натпревар меѓу учениците од основните училишта каде за проблемите создававме решенија. Токму преку вакви иницијативи институциите ги поттикнуваат најмладите да се вклучат во глобалните напори за менување на светот и реалноста кон подобро.
Два тима од 8 и 9 одделение, под менторство на Билјана Јованоска- наставник по географија, се натпреваруваа и ги прикажаа своите решенија како Скопје да го направиме подобро место. Едниот тим работеше на справување со загаден воздух, а другиот тим како да го направиме училиштниот двор позелен. Ученици учесници од нашето училиште беа: Матеа Јовановска, Ана Блажевска, Антонија Тошевска, Елена Секуловска и Михаела Димитровска од 9-1, и Миа Трајковска 8-2, Јаков Станков 8-1, Калин Тодоровски 8-3, Иван Весковски 8-1 и Кристијан Секуловски од 8 -2 одделение.
👉 Во конкуренција на преку 20 основни училишта, нашите иноватори одлично го презентираа нашето училиште и имаа одлични идеи за почисто училишно опкружување и почисто Скопје 🗺🌏

















No comments:
Post a Comment