Friday, 17 April 2026

„Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″


„Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ 

 На 15 и 16 април 2026 год. во Биотехнолошката лабораторија одржавме дводневна работилница за тестирање на „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ кои ги смислија инвентивните и вредни учениците од основните училишта под менторство на нивните наставнички.

На натпреварот за идеи вршевме експерименти за добивање на биосаксија од органски отпад, биохартија и биопластика од лушпи од банана, био-свеќа користејќи портокал и маслиново масло, еко сапун од прегорено масло, склопивме биокомпостара за добивање на компост и го поставивме отпадот за добивање на компост, направивме биоплоча од разни видови на отпад, природен парфем од кора од портокал.
Со големо задоволство ги тестиравме идеите заедно со возбудените ученици и експертите и заклучивме дека сите се успешни!
 Со учениците од ООУ „Војдан Чернодрински″ изработивме биосаксија од органски отпад.
 Со учениците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски″ со користење на лушпи од банана добивме биопластика и биохартија и био-свеќа користејќи портокал и маслиново масло.
 Со учениците од ООУ „Кузман Јосифовски Питу″ добивме парфем од кора од портокал.
 Со учениците од ООУ „Климент Охридски″, направивме еко сапун од прегорено масло.
 Со учениците од ООУ „Братство″ склопивме биокомпостара за добивање на компост и го наредивме отпадот за добивање на компост.
 Со учениците од ООУ „Владо Тасевски″ направивме биоплоча од разни видови на отпад.
Ви пренесуваме дел од работната атмосфера преку фотографии!
Најголемиот подарок од овие два убави денови беа широките насмевки на учениците кои успеаа во своите намери за изработка на иновативни, корисни и органски продукти преку користење на био отпадот.
Учениците со помош на соучениците и родителите сами го селектираа и собираа био отпадот по видови за потребите на изготвување и добивање на корисни продукти во Биотехнлошката Лабораторија Селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на корисни продукти во био-технолошка лабораторија.
📷И не само тоа, ја снимавме работилницата за да подготвиме промотивно видео за проектот.
Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Resource Environmental Center - REC North Macedonia Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco - Logic и Center for Environmental Democracy - Florozon Флорозон - Центар за еколошка демократија, започнавме со одржување на дводневните Работилници за тестирање на „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ со основните училишта од Скопје.
Проектот е подржан од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitass, #CHinMK (civicamobilitas.mk)

Тимот од нашето училиште е составен од Лина Крстевска, Андреа Радевска, Дамјан Трпевски и Никола Крковски.
Ментор : Биљана Илиева


















No comments:

Post a Comment