Денес, 27 април 2026 година, се одржа натпреварот ,,Млади библиотекари" во градската библиотека ,,Браќа Миладиновци". Деана Радевска и Мелани Перовска од 9-2 одделение се натпреваруваа во конкуренција на учениците од другите училишта на територија на град Скопје. И двете ученички имаа успешно учество под менторство на библиотекарката Наташа Старделова и добија благодарници, книги и членска карта во библиотеката ,,Браќа Миладиновци". Благодарност до Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје за организацијата на натпреварот.
По завршувањето на XXV Општински натпревар „Млади библиотекари“, в.д. директорката Анета Механджијска им се обрати на младите натпреварувачи и нивните ментори.
„Горди сме на вас што ја преземате оваа важна улога уште од млади години. Вие не сте само читатели, туку промотори на културата, амбасадори на знаењето и пример за вашите врсници.
Нека библиотеката ви биде место каде ќе сонувате, ќе учите и ќе растете. Продолжете да истражувате, да прашувате и да ги инспирирате другите околу вас.“












No comments:
Post a Comment