Wednesday, 1 April 2026

Маскенбал по повод Денот на шегата

 Во оваа 2026 година први април е неверојатно шарен и разигран. Стари баби и дедовци, модерни баби, каубојци и каубојки, пирати, јунаци од бајките, балон, здрава храна, морски свет и нуркачи, шеици, волшебници, пчелари, полицајци и криминалци, зомбија и видео игри, навивачки и фудбалери и што ли уште не.

Овој врнежлив ден на шегата  во нашето училиште се организираше првоаприлски маскенбал во две категории: 1-5 и 6-9 одделение. Жири комисијата во состав:  Ивана Јаневска - психолог, Наташа Старделова- библиотекар,Јана Цветановска и Максим Ѓеорѓиевскки  ( претставници од учениците од Ученичкиот парламент)  имаа тешка задача да одберат најдобра тематска маска. Секоја од паралелките се претстави со своја сценска изведба, а по дадената оцена на секој од членовите на жири комисијатa, се собраа бодовите и резултатите се следниве:

Категорија 1-5 одделение: 

Прво место - 1-2 одделение 

Второ место - 2-1 одделение

Трето место - Лука Трпчевски 3-1 одделение

 Категорија 6-9 одделение: 

Прво место - 9-1 одделение

Второ место - 8-2 одделение

Трето место - 7-2 одделение

 Пофалници за индивидуални маски добија и Андреј Радевски од 9-1 одд., Матеа Цветковска 6-2, Филип Димески 7-1 одд., Огнен Гајдоски 2-1, Давор Павловски 4-2, Калин Јовевски 4-2 одделение. 

 Сите учесници добија дипломи за освоено место и пофалници за учество.

Следува галерија со слики од секои од маските.



































































No comments:

Post a Comment

Втора средба од обуката за холистичко образование

 На втората средба која се одржа на 26.8.2026 година во нашето училиште наставниот кадар се здоби со вештини за развивање на здрав однос кон...