Tuesday, 22 April 2025

„Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“- работилница








Денес, 22.4.2025, на Денот на планетата Земја,  во нашето училиште Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон - Центар за еколошка демократија започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas и ќе се спроведува до октомври 2026 година.

Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

 

Во рамките на проектот ќе се спроведуваат следниве активности кои се поврзани со Био-технолошката лабораторија:

  • А.1.1. Реализација на  еднодневни работилници во Био-технолошка лабораторија, наменети за ученици од 20 ООУ од скопскиот регион, на коишто ќе се изучуваат техники за трансформација на потенцијалот на биоотпадот до корисни производи од фармакологијата, козметиката, прехранбената индустрија и сл.
  • А.1.2. Настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти (на отворено) со мобилна опрема од лабораторијата, наменети за ученици, коишто ќе се одвиваат во училиштата.
  • А.1.3. 2 дводневни работилници водени од наставници, експерти и волонтери за тестирање на креативни зелени идеи, преку кои заинтересирани ученици да го продолжат школувањето во средни стручни училишта од хемиско-технолошката и земјоделско-ветеринарната струка ќе трансформираат био-отпад до корисен продукт, со цел развивање на одржлив зелен бизнис.

 

По еднодневните работилници во Био-технолошка лабораторија на која присуствуваат ученици од нашето училиште ќе следува одржување на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата односно „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици" со ученици од основни училишта од Скопскиот регион.

Реализатори на обуката беа Тамара Радовановиќ Анѓелковска, Проектен координатор (РЕЦ) Горан Трајковски, Раководител на одделение за лабораториски анализи и третман на отпадни води, ЈП Дрисла,  Благој Шурбевски, Експерт за животна средина. 

Целта на работилницата беше добивање на биодизел. Двете групи имаа различни активнсти и тоа:

Група 1

  • Добивање на биодизел
  • Индикатори на метали во вода од лушпи од јајца
Група 2
  • •             Добивање на биодизел

    •             Биопластика од лушпа од компир

По учеството во работилниците се очекува учениците да стекнат знаења и зголемена свесност за циркуларна економија и правилнотo постапување со отпадот во заедницата.

 
















 

No comments:

Post a Comment

Читател на месецот април

    Повторно ученик од 3-1 прочита најмногу книги овој  месец април. Тоа е Анастасија Ставревска која  читаше по една книга на ден, па овој ...