Monday, 21 April 2025

Тродневна екскурзија на деветтоодделенците

 Извештај

од тридневната наставно-научна екскурзија за 9 одделение

Во периодот од 7 до 9 април се реализираше тридневната екскурзија за деветто одделение низ западна Македонија со туристичката агенција  Дема-травел. Одделенски раководители на 9-1/9-2 се  Александар Ѓеорѓиевски и Марија Лозаноска.

 Вкупно од двете одделенија присуствуваа 34 ученици. Патувањето започна во 9:00 часот поради снежните врнежи претходниот ден. Прва дестинација за посета ни беше манастирот Св.Јован Бигорски. Попатно до манастирот уживавме во зимските пејзажи кои ни ги приреди снегот. Кога пристигнавме во манастирот најпрво отецот одржа предавање каде што учениците се стекнаа со информации за тоа кога е изграден, какви поважни настани се случувале низ историјата и колку е манастирот важен за христијанството во Македонија и општо во светот. Потоа учениците си запалија свеќи за здравје, а можеа да си купат црковни сувенири и крстена вода. Потоа продолживме кон  Дебар и попатно го видовме и Дебарското езеро. Исто така, го посетивме и манастирот Рајчица и поради реновирање само го разгледавме и направивме фотографии. Следна дестинација беше Вевчани. Таму направивме кратка прошетка покрај Вевчанскиот извор, видовме стара воденица, а кажавме и збор, два за далеку прочуениот Вевчански карневал. Потоа се упативме кон Охрид и хотелот каде што требаше да се сместиме, Монтенегрин ин. Морам да напоменам дека персоналот беше многу љубезен и ни излезе во пресрет за секоја ситуација. Откако се сместивме по соби, следуваше краток одмор, а потоа и вечера. После вечерата следуваше прошетка низ чаршијата (се изеде по некоја баклава), прошетка покрај брегот на Охридското езеро. Следниот ден на програмата беа посета на Заливот на коските и манастирскиот комплекс Св.Наум. После доручекот се спремивме и тргнавме. Во Заливот на коските учениците ја разгледаа праисториската наколна населба, влегоа во куќарките и се фотографираа. Потоа имаа подетално предавање за наколната населба, кави видови на ендемични риби постоеле, од какво дрво биле изградени и сл. Потоа стасавме и во Св.Наум каде што ги разгледувавме убавините на комплексот, изворите на реката Црн Дрим и сл. Влеговме и во внатрешноста на манастирот каде што не пречекаа познатите пауни со широко отворени пердуви и претставуваа атракција за посетителите. Учениците си запалија свеќи за здравје и имаа можност да направат прекрасни фотографии .Се вративме во хотелот, имавме ручек, а потоа одмор и забавни игри. После одморот се упативме кон горна порта и оттука ја посетивме Самоиловата тврдина, Плаошник, Св.Јован Канео, амфитеатарот и стариот град, Варош. После прошетката се вративме на вечера и мала забава во холот. Утредента имавме доручек и спремање за патување кон Струга, а потоа и кон дома. Бидејќи завршувавме со ручек, после доручекот го искористивме убавото време за прошетка покрај езерото, а учениците можеа да си купат и некој сувенир. После ручекот го ставивме багажот во автобус и се упативме кон Струга. Во Струга најпрвин го посетивме природно -научниот музеј „д-р Никола Незлобински“ каде што кустосот одржа кратко предавање, а потоа учениците можеа да разгледаат и да фотографираат. Оттука се упативме кон спомен куќата на браќата Миладиновци. Исто така, и таму имаа предавање за животот и делата на браќата Миладиновци. По завршувањето на оваа посета, која ни беше и последна се упативме кон автобусот и тргнавме на пат кон Драчево. Пристигнавме во 19:00 часот, сите побогати со спомени, природни убавини, знаења и љубов кон татковината .






























No comments:

Post a Comment

Прославување на јубилеј- 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

 Денес, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ се одбележа 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. Во присуство на Градон...