Tuesday, 1 April 2025

„ИКТ алатки и нивна примена во еТвнининг платформата“

 Од 26 до 28.03.2025 г. во организација на Националната агенција и еТвининг - Македонија, во Битола се одржа еТвининг семинар под наслов  „ИКТ алатки и нивна примена во еТвнининг платформата“. Од нашето училиште на семинарот присуствуваа наставничката по македонски јазик Виолета Трпевска, одделенскиот наставник Татјана Каранфиловска и наставничката по биологија Биљана Илиева. 

На семинарот детално беа обработени ИКТ алатките - Padlet, ChatGpt, Canva и Genially кои ќе најдат примена при реализација на еТвининг проекти и секако во секојдневните училишни активности. Исто така на семинарот беа изработени еТвининг проекти кои ќе се реализираат во следниот период, а нашите наставници ќе земат активно учество.








No comments:

Post a Comment

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...