Friday, 11 April 2025

Трибина: Тишината како поддршка- Нови пристапи во справувањето со сензорната пречуствителност


 Денес, 11.4.2025 во Домот на културата Билјана Беличанец се одржа трибина на темата: Тишината како поддршка, наменета за сите кои се заинтересирани да слушнат нови информации и пристапи за лицата со аутистичен спектар. Говорници беа реномирани професори кои се занимаваат со проблематиката: проф.д-р Аспазија Софијанова, проф.д-р Влафимир  Трајковски, Проф.д-р Оливер Бакрески и м-р Филип Гаспар, а организатор беше Општинс Кисела Вода. Салата до последно место беше пополнета од заинтересираните родители, наставници, образовни асистенти, стручни соработници и студенти. 
На трибината се дискутираше за проблематиката, но и за улогата на антифоните -Слушалки за изолација на звук- во поддршката на децата. Во рамките на настанот на родителите на деца со атипичен развој им беа доделени вакви алатки за сензорна поддршка.
Од нашето училиште присутни беа голем број наставници и стручни соработници заедно со директорката Елена Симоновска.


No comments:

Post a Comment

НАСТАВА ВО ПРИРОДА во V одделение во учебната 2024/25 година

  ИЗВЕШТАЈ за НАСТАВА ВО ПРИРОДА во V одделение во учебната 2024/25 година       Според планот и програмата за петто одделение, ...