Вчера, 28.4.2025 год. во дворот на фабриката Титан се доделија сертификатите за 3Д обуката на Иноваториум за учениците од седмите одделенија од нашето училиште. Учениците и нивните ментори , директорката Елена Симоновска како и родители беа присутни на настанот кој е завршна фаза на неколкуте обуки кои учениците ги поминаа за 3Д печатење.
Tuesday, 29 April 2025
Sunday, 27 April 2025
Втора обука за „Превенција од насилен екстермизам, радикализам и врсничко насилство“
Успешно заврши и втората обука за наставници, стручни соработници и преставници од државни институции на тема „Превенција од насилен екстермизам, радикализам и врсничко насилство“.
Таа се одржa во Крушево во Хотел Вила Гора, центарот ќе организира уште 3 вакви обуки.
Ова активност е дел од активностите на проектот „Градење на отпорни и инклузивни заедници" финансиран од Global Community Engagement and Resilience Fund – GCERF и имплементиран од Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association – МЗМП во партнерство со граѓанските организации Центар за заедничка основа и Центар за толеранција и доживотно учење.
Претставници од нашето училиште беа Д.А.Гулабоски и Б. Јованоска.
Saturday, 26 April 2025
Професионална ориентација
Нашите полуматуранти го посетија отворениот ден на средното училиште Димитар Влахов за да се запознаат со дел од струките кои ги нуди ова училиште.
Friday, 25 April 2025
Натпревар по прва помош
Посета на фолклорната група Empi et Riaume Romans FRANCE
1-2 одд. учеше за ветрот на забавен начин
Ги користиме ресурсите на училишниот двор и учиме за силата на воздухот. 1-2 одд. учеше за ветрот на забавен начин.
Одд. наставник: Јасмина Лакинска
Tuesday, 22 April 2025
22 Април - ,,Ден на планетата Земја".🌎
🌎 Учениците од I 2 одд. заедно со наставничката Јасмина Лакинска го одбележаа 22 Април - ,,Ден на планетата Земја".🌎
Целата е да се сврти вниманието на јавноста за значењето и зачувувањето на животната средина! 🍀🌿💧🌞🌳
Ден на книгата 2025: Отвори книга, отвори го умот!
Секоја година на 23 април, светот се обединува за да го одбележи Светскиот ден на книгата и авторските права, глобален настан организиран од УНЕСКО. Овој ден е посветен на промовирање на уживањето во книгите и читањето, како и на подигнување на свеста за важноста на авторските права во заштитата на интелектуалната сопственост.
„Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“- работилница
Денес, 22.4.2025, на Денот на планетата Земја, во нашето училиште Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон - Центар за еколошка демократија започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas и ќе се спроведува до октомври 2026 година.
Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.
Во рамките на проектот ќе се спроведуваат следниве активности кои се поврзани со Био-технолошката лабораторија:
- А.1.1. Реализација на еднодневни работилници во Био-технолошка лабораторија, наменети за ученици од 20 ООУ од скопскиот регион, на коишто ќе се изучуваат техники за трансформација на потенцијалот на биоотпадот до корисни производи од фармакологијата, козметиката, прехранбената индустрија и сл.
- А.1.2. Настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти (на отворено) со мобилна опрема од лабораторијата, наменети за ученици, коишто ќе се одвиваат во училиштата.
- А.1.3. 2 дводневни работилници водени од наставници, експерти и волонтери за тестирање на креативни зелени идеи, преку кои заинтересирани ученици да го продолжат школувањето во средни стручни училишта од хемиско-технолошката и земјоделско-ветеринарната струка ќе трансформираат био-отпад до корисен продукт, со цел развивање на одржлив зелен бизнис.
По еднодневните работилници во Био-технолошка лабораторија на која присуствуваат ученици од нашето училиште ќе следува одржување на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата односно „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици" со ученици од основни училишта од Скопскиот регион.
Реализатори на обуката беа Тамара Радовановиќ Анѓелковска, Проектен координатор (РЕЦ), Горан Трајковски, Раководител на одделение за лабораториски анализи и третман на отпадни води, ЈП Дрисла, Благој Шурбевски, Експерт за животна средина.
Целта на работилницата беше добивање на биодизел. Двете групи имаа различни активнсти и тоа:
Група 1
- Добивање на биодизел
- Индикатори на метали во вода од лушпи од јајца
• Добивање на биодизел
• Биопластика од лушпа од компир
Био-компостар во училиштниот двор
Нашите долгогодишни соработници Еко логик денес, 18.9.2026 година донираа едноставен надворешен био-компостар во нашиот двор, за да ги едуц...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...
















































