Friday, 6 February 2026

Учиме за континенти! 5-1 одделение

 Учиме за континенти! 

5 - 1 преку групна работа изработија хамер за секој континенти! 

Одд.наставник Тања Петков
























Wednesday, 4 February 2026

Пипи во 5-2 одделение

 






















Учениците од 5-то одделение денес запловија во шарениот и необичен свет на Пипи – најхраброто и највеселото девојче кое живее по свои правила. Преку разговор, анализа и креативни активности, откривме што ја прави Пипи поинаква, но и зошто нејзината искреност, храброст и добрина се вистински вредности.              ✍️Учениците цртаа омилени ликови                           😀 разговараа за најинтересните настани

📝ги споделија пораките што ги научија од делото

Часот помина во одлична атмосфера👌 исполнет со смеа     😄, идеи и детска креативност. Уште еднаш докажавме дека книгите 📖отвораат врати кон свет полн со авантури!

Tuesday, 3 February 2026

Заедно против булингот - за сигурна иднина на нашите ученици!

 Заедно против булингот - за сигурна иднина за нашите ученици!

Денес, 3.3.2026 год. во Општина Кисела Вода се потпиша трипартитен меморандум за соработка со ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево и Обединета Македонска Дијаспора – Подружница во Македонија.
Заедно со директорот за Македонија и Европа од Обединета Македонска Дијаспора, Гордан Јорданов, заменик-директорката Маја Сталеска и директорката на училиштето, Елена Симоновска, официјално започнува имплементацијата на проектот „STAR FOR LIFE“.
Преку проектот, со поддршка на стручни обучувачи, нивни претставници во Македонија, ќе се реализира обука на наставниците од четврто, петто и шесто одделение и директна работа со учениците, со фокус на булингот и врсничкото насилство.
Целта е навремено препознавање, правилно реагирање и создавање побезбедна училишна средина.
Со овој меморандум се обезбедува конкретна поддршка за учениците и вложување во превенција, едукација и здрави училишни заедници.






Општински натпревар по математика

 

🙂 🙂 ❤ 7 први награди од кои 4 со сите освоени бодови,
🙂 🙂 6 втори награди,
🙂 🙂 3 трети награди,
🙂 3 пофалници,
се официјалните резултати на општинскиот натпревар по математика.
Честитки за сите ученици учесници на натпреварот. Ви посакуваме уште поголем успех на регионалниот натпревар.

Максим Крстевски 4 Радмила Стефаноска 25 25 25 25 100  I награда

 Горјан Стоилковски 4 Радмила Стефаноска 25 25 25 25 100 I награда

 Рафаела Рафаиловска 4 Радмила Стефаноска 25 25 25 25 100 I награда

 Максим Јовевски 4 Радмила Стефаноска 25 25 25 25 100 I награда

Леонид Стојанов 4 Ане Мишовска 25 25 25 14 89 I награда

Анабела Стојановска 4 Ане Мишовска 25 25 25 11 86 I награда

Ива Трпчевска 5 Тања Петков 25 25 20 25 95 I награда

Михаил Трајковски 4 Радмила Стефаноска 25 15 25 7 72 II награда

Мартин Димишковски 5 Лиле Велјановска 25 25 3 25 78 II награда

 Мартин Дабески 5 Лиле Велјановска 25 25 3 25 78 II награда

Никола Деспотовски 5 Лиле Велјановска 25 0 25 25 75 II награда

Aнтонија Спасовска 5 Лиле Велјановска 25 25 0 25 75 II награда

 Евгенија Станкоска 5 Лиле Велјановска 25 25 0 25 75 II награда

Дамјан Василевски 4  Ане Мишовска 0 25 25 14 64 III награда

Леонид Димитриевски 5 Тања Петков 21 25 3 20 69 III награда

Нина Весковска 5 Тања Петков 25 25 0 15 65 III награда

Андреа Радевска 6 Марија Лозаноска 25 0 5 10 40 пофалница

Христијан Секулоски 8 Марија Лозаноска 15 25 2 2 44 пофалница

Кристијан Јовевски 7 Емилија Филипоска 10 3 25 5 43 пофалница

Дарко Станојевски 8 Марија Лозаноска 0 23 0 2 25

Велјаноски Андреј 7 Емилија Филипоска 12 1 15 5 33

Михаела Ѓошевска 5   Марија Лозаноска 15 0 5 0 20

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...