Tuesday, 3 February 2026

Заедно против булингот - за сигурна иднина на нашите ученици!

 Заедно против булингот - за сигурна иднина за нашите ученици!

Денес, 3.3.2026 год. во Општина Кисела Вода се потпиша трипартитен меморандум за соработка со ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево и Обединета Македонска Дијаспора – Подружница во Македонија.
Заедно со директорот за Македонија и Европа од Обединета Македонска Дијаспора, Гордан Јорданов, заменик-директорката Маја Сталеска и директорката на училиштето, Елена Симоновска, официјално започнува имплементацијата на проектот „STAR FOR LIFE“.
Преку проектот, со поддршка на стручни обучувачи, нивни претставници во Македонија, ќе се реализира обука на наставниците од четврто, петто и шесто одделение и директна работа со учениците, со фокус на булингот и врсничкото насилство.
Целта е навремено препознавање, правилно реагирање и создавање побезбедна училишна средина.
Со овој меморандум се обезбедува конкретна поддршка за учениците и вложување во превенција, едукација и здрави училишни заедници.






No comments:

Post a Comment

Втора средба од обуката за холистичко образование

 На втората средба која се одржа на 26.8.2026 година во нашето училиште наставниот кадар се здоби со вештини за развивање на здрав однос кон...