Friday, 21 February 2025

Литературно читање и квиз по повод Денот на мајчиниот јазик

 На 21.2.2025 год. по повод Денот на мајчиниот јазик се одржа литературно читање и кахут квиз на кои учество зедоа младите поети и автори на творби на тема „Јазикот како чувар на културниот идентитет“ во организација на наставничката по македонски јазик Наташа Станојевска и библиотекарката Наташа Старделова. Василиј Ѓорѓиевски, Мила Станкоска, Андреа Радевска, Матеј Јаневски, Илина Трајковска, Матеа Стојановска и  Никола Деспотовски беа младите автори чии творби се претставија пред присутните. Задоволството и радоста беше уште поголема бидејќи имавме и гости од соседното основно училиште „Кузман Шапкарев“: Мартина Трајковска од 8-2, Михаела Арсовска од 6-1 и Јана Мицевска од 6-2 со нивната библиотекарка Александра Ѓорѓиевска. Тие, исто така, се претставија со сопствените литературни творби.  Како публика поканети беа претставници од учениците од сите одделенија. Средбата помина во срдечна атмосфера каде многу работи се споделија, се научија, а во исто време и учениците забавно си поминаа, бидејќи имаше и забавен едукативен кахут квиз на настанот. Победници во квизот со најмногу точни и брзи одговори беа Иван Трајковски- прво место, Марија Тренкоска- второ и Анастасија Петреска- трето место.














































Wednesday, 19 February 2025

Откривање на талентот кај децата

 Линк до ТВ емисијата

21 Февруари- Ден на мајчиниот јазик


По повод одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик-21Февруари во нашето училиште ќе се одржи квиз и поетско читање. Пријавете го вашето учество кај наставничката по македонски јазик Наташа Станојевска и библиотекарката Наташа Старделова.


 

Наградени ученици на конкурсот „Јазикот како чувар на културниот идентитет“

Со дипломи и награди денес во свечената сала во Општина Кисела вода беа наградени тројца ученици од нашето училиште по повод 21 Февруари- Денот на мајчиниот јазок. Прво место за Василиј Ѓорѓиевски од 5-1 одделение, второ за Матеа Стојановска од 9-2 за поетските творби, и второ место за Марија Тренкоска 8-2 за нејзината ликовна творба на конкурсот распишан од Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура при Општина Кисела Вода по повод Денот на мајчиниот јазик. Честитки и нека ни е честит Денот на мајчиниот јазик- 21 Февруари.


















 Во продолжение прочитајте ги наградените творби:

ЈАЗИКОТ КАКО ЧУВАР НА КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ

Нашиот јазик убав
македонски се вика

како чист извор се лее,

како сончеви зраци блика.

 

Оставен од дедо и прадедо

како најголема светост да го чуваме

со него да учиме, пишуваме,

да твориме, да го негуваме.

 

Најубавите сказни,
песни и умотворби

со него се напишани,

со букви и зборови македонски

како ѓердан се нанижани.

 

Вредноста негова е голема
како езеро мирно,

како небото ширно

треба да го чуваме, учиме, пишуваме

со книгата да другаруваме.

 

Јазикот македонски е нашето огниште

никогаш не згаснува и свети како жар

ги поврзува минатото и иднината,

тоа е наш најголем дар.

 

 

Василиј Ѓорѓиевски

V- 1 одд.

ООУ ,, Св. Климент Охридски’’

С.Драчево, К. Вода, Скопје

Ментор- Нена Цветковска


Јазикот како чувар на културниот идентитет                  

 

Кога некој ќе прозбори на

мајчиниот свој глас,

во душата му тлее

најголемиот спас.

 

Јазикот е дел од нашиот корен

кој за сите нас е створен.

Зборовите македонски течат

брзо како река,

кои ќе се почитуваат и говорат довека.

 

Во јазикот што го зборуваме

се крие нашето дело,

кое без учителите и не би било цело.

 

Јазикот е чуварот наш кој во секое

време  се почитува и сака,

затоа да твориме и создаваме на

мајчин јазик и не ни е голема мака.

 

Македонскиот јазик е нашиот

милостлив глас,

кој се крие во секој од нас.

Говорот македонски на нас

ни дава голема сила,

која што на секому му е мила.

 

Јазикот како чувар на македонскиот

идентитет е нашата сила што

негува долга историја.

Во зборовите наши живее нашата

гордост, приказна и меморија.

 

 

Ученик: Матеа Стојановска IX-2 одд______________________

Ментор:Виолета Трпевска____________________________

Училиште: „Св.Климент Охридски“ с.Драчево

Директор: Елена Симоновска______________________

 

 

 

 

 


Tuesday, 18 February 2025

Општински натпревар по биологија

 На 14.2.2025 год. се одржа општински натпревар по биологија на кој нашите ученици Михаела Димитровска од 8-1 и Матеј Димишковски 8-2 освоија втора награда под менторство на Биљана Илиева. Честитки и многу успех понатаму!


 

Sunday, 16 February 2025

Пешачка тура до Шпела

 Во организација на спортско-рекреативната секција при ООУ Св. Климент Охридски Драчево  денеска се реализираше пешачка тура до Драчевска пештера-Шпела.




Wednesday, 12 February 2025

Неделата на информатиката 2025




 

🎉 Со голема возбуда, го најавуваме одржувањето на Неделата на информатиката 2025 во периодот од 10-14 февруари. Во текот на оваа недела, ќе се реализираат бројни едукативни и забавни активности за учениците, наставниците и родителите, фокусирани на важноста на информатиката во секојдневниот живот, дигиталната безбедност и технолошките иновации.

🎯 Цел на неделата:
Да ги инспирираме учениците да ја истражуваат информатиката и технологијата, да ги едуцираме за дигиталната безбедност и да ја зајакнеме соработката меѓу училиштето, учениците и родителите.

За инспирација за вашите активности посетете ја нашата страна со ресурси на следниот линк.

Во рамки на Неделата на информатиката ќе се одбележи и Денот за побезбеден интернет. Оваа година темата на овој ден е „Предобро за да биде вистинито. Да се заштитиме од онлајн измами“.

Био-компостар во училиштниот двор

 Нашите долгогодишни соработници Еко логик денес, 18.9.2026 година донираа едноставен надворешен био-компостар во нашиот двор, за да ги едуц...