На 21.2.2025 год. по повод Денот на мајчиниот јазик се одржа литературно читање и кахут квиз на кои учество зедоа младите поети и автори на творби на тема „Јазикот како чувар на културниот идентитет“ во организација на наставничката по македонски јазик Наташа Станојевска и библиотекарката Наташа Старделова. Василиј Ѓорѓиевски, Мила Станкоска, Андреа Радевска, Матеј Јаневски, Илина Трајковска, Матеа Стојановска и Никола Деспотовски беа младите автори чии творби се претставија пред присутните. Задоволството и радоста беше уште поголема бидејќи имавме и гости од соседното основно училиште „Кузман Шапкарев“: Мартина Трајковска од 8-2, Михаела Арсовска од 6-1 и Јана Мицевска од 6-2 со нивната библиотекарка Александра Ѓорѓиевска. Тие, исто така, се претставија со сопствените литературни творби. Како публика поканети беа претставници од учениците од сите одделенија. Средбата помина во срдечна атмосфера каде многу работи се споделија, се научија, а во исто време и учениците забавно си поминаа, бидејќи имаше и забавен едукативен кахут квиз на настанот. Победници во квизот со најмногу точни и брзи одговори беа Иван Трајковски- прво место, Марија Тренкоска- второ и Анастасија Петреска- трето место.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите
Денес, 18.6.2025 се одржа стручна работилница на тема „Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децат...
-
ООУ„Св. Климент Охридски“- с.Драчево (google.com) За сите организациски информации за нашето училиште, пристапете на новата веб-страница ...
-
Деветтоодделенците ја прославија својата полуматурска вечер во Вединг хаус на 3.06.2025. Забавата започна со самото пристигнување во рестор...
-
Денес учениците од 4-1 и 4-2 по изборниот предмет „Млади готвачи“ беа во посета на ресторанот,,Меин Стрит,,. Готвачот Жиле им објасни што ...
No comments:
Post a Comment