Friday, 11 November 2022

Доделување на награди на 55 Детски Рацинови средби


Овогодинешните јубилејни 55 Детски Рацинови средби со свое присуство ги збогатија и учениците од 9-1 со нивниот ментор Валентина Трајкоска и библиотекарката во училиштето Наташа Старделова.

Градот Велес дишеше во духот на Рацина. Откако учениците се поклонија пред паметникот на великиот поет, продолжија кон спомен куќата на Рацин, каде ја погледнаа поставката на музејот. Потоа следна дестинација беше Градската библиотека ,, Гоце Делчев" во салата ,, Бели мугри" каде на свечена приредба им беше доделена втората републичка награда во категоријата ИКТ творби за нивниот краток уметнички филм ,,Рацин - поет на болката и љубовта". На свечената седница тие го проследија и импресивниот перформанс инспириран од животот и делото на безвремениот Рацин. Крајот на седницата беше искористен учениците да се запознаат и дружат со нашиот познат детски писател Горјан Петревски, кој вети набрзо дека ќе не' посети во училиштето. По свеченоста учениците го посетија и брегот на излетничкото место Езерото ,,Младост". 

Една слика- илјада зборови, а ние имаме избор од најдобрите слики. Погледнете ја галеријата со фотографии и видеа од денешниот ден. 






























Thursday, 10 November 2022

5-2 на Еко роденденска забава

 







Го засадивме пред 2 години. Растеме заедно со него. Му се радуваме секој ден, а денес му го прославивме и вториот роденден.🥰🥰 Учениците од 5 - 2 одд. 

Наставник: Сузана Спасовска.

,,Време и клима на Земјата" во 4-2


















 Тимска работа во 4-2! Заедно сме посложни и повредни! Групна работа за наставната единица  ,,Време и клима на Земјата"





Tuesday, 8 November 2022

Час по лектира и креативно пишување во 4-2 одделение во соработка со нашата библиотека






 На 8.11.2022 година во одделението 4-2 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира и креативно пишување, презентирајќи ја ги расказите „Маслинови гранчиња“ на Глигор Поповски, а потоа  учениците креативно твореа и пишуваа свои раскази/приказни на дадена тема.

Многу идни писатели се на повидок. Наскоро во оваа објава следат и трите најдобри приказни на темата „ Детето што плачеше“.


Детето што плачеше- од Нада Марковска


Убав е денот, топол и светол. Ама не и за Влатко. Тој е тажен. Седи сам со наведната глава и солзите капат по неговите образи. Сака да си игра со децата, ама се плаши. Секој ден едни две исти деца постојано му дофрлаат погрдни зборови. Тој трпи цело време и молчи од страв дека ќе го истепаат, бидејќи се поголеми и лоши спрема него. Не знае зошто се такви, се чуди и се прашува каде згрешил и што да прави. Си вели: - Да кажам ли на наставничката, да кажам ли на мама или на тато. Така си седи Влатко, си мисли и си плаче. Девојчето Лила му пријде на Влатко и го праша зошто е тажен. И` беше жал што плаче и го покани да играат брканица. Лили ги избриша солзите на Влатко, и за момент тој навистина заборави на стравот и си вети во себе дека ќе каже на наставничката за децата и така тие ќе престанат да го навредуваат. Влатко ја прегрна Лили и со радост го прифати нејзиното другарство. 


                 Детето што плачеше-           Кристијан Јовевски

Едно дете си играше со една волшебна топка. Таа можела да лета високо и да прави други волшебни работи. Но, детето за тоа не знаело. Еден ден детето ја шутирало топката, а кога ја шутнало пресилно, во тој момент топката се скаменила. Детето се зачудило и ја шутнало уште посилно, па тогаш топката летнала високо и паднала во едно езеро, каде се скрила многу длабоко. Детето многу ја сакало својата топка и почнало да плаче бидејќи ја изгубило. Но, волшебната топка го слушнала плачот на детето, се кренала и се вратила кај детето. Тоа било многу среќно, па и' рекло: -Отсега ќе бидам внимателен со мојата волшебна топка. 


Детето што плачеше- Дарија Јаковчевска 

Еден убав пролетен ден тргнав на гости кај мојата другарка. Додека одев, минував низ паркот. На една клупа видов едно дете што плачеше. Се доближив до него и го прашав: - Зошто плачеш? Детето ги бришеше солзите со ракавот од блузата и молчеше. Повторно прашав: -Зошто плачеш? Дали може некако да ти помогнам? Тогаш детето проговори и рече дека излегло од дома да го прошета своето кутре. Кутрето било многу среќно и детето решило да го пушти од ланецот за да потрча наоколу. Но, одеднаш детето го изгубило од вид, и сега не може да го најде. Јас му реков: - Ајде заедно да го побараме. Баравме, баравме и случајно забележав кутре кое лежи исплашено под едно дрво. Детето викна по него, кутрето го здогледа и веднаш се стрча накај нас. Така заедно среќни тргнавме секој по својот пат, детето дома, а јас кај мојата другарка. 


Бонус - Песна

Детски сон- Илина Трајковска


Сонувај ти слатко, детенце

во детски сон.

Во сонот ќе видиш сенешто,

куп од слатки нешта може еден тон.


Пеперутка може шарена,

Поголема и од слон, 

нема нешто невозможно

во детскиот сон.


Во сонот може да те брка 

и голема страшна ѕверка,

голем јунак ќе те спаси 

или мојата баба. 


Таа ќе те гушне

и тогаш мило

мама ќе те разбуди

 и гушне силно.

Обука за наставници на тема ,,Инклузија и пристапи во подучувањето на ученици со попреченост"






На 7 и 8 ноември 2022 година во нашето  училиште се одржа обуката за инклузија, организирана од Бирото за развој на образованието на тема  ,,Инклузија и пристапи во подучувањето на ученици со посебни потреби/попречености" од страна на дефектологот Велика  Миленковска. На обуката присуствуваа 25 наставници од училиштетето и ги надградија своите знаења и способности за работа во училница со ученици со различен вид на  попречености. 

Monday, 7 November 2022

Час по лектира во 5-3 одделение во соработка со нашата библиотека

                                                        





 На 7.11.2022 година во одделението 5-3 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира, презентирајќи ја бајката „Царската ќерка жаба“ и ја претстави работата на библиотеката пред учениците. Дискутиравме и за потребата од навика за читање на дополнителна литература, која ќе ги прошири нашите видици, ќе ја збогати фантазијата и ќе оформи оригинален начин на изразување и стил кај учениците. Исто така, учениците се запознаа со електронската библиотека, како и со списанието „Наш Збор“ кое ги следи настаните и случувањата во училиштето.  

Wednesday, 2 November 2022

Филмска критика за гледан филм од Филип Спасовски и Петар Ангеловски 8-1

  



Критика за филмот „Брат ми брка диносауруси”
напишанa од Филип Спасовски и Петар Ангеловски 8-1 одделение
Филмот „Брат ми брка диносауруси” е во режија на Стефано Ципани. Главните улоги ги толкуваат Алесандро Гасман, Изабела Рагонезе, Лука Морело/Франческо Геги, а улогата на Џио ја толкува Антонио Урас, а потоа Лоренцо Систо. Филмот е италијанско-шпанска копродукција. Има освоено главна награда на Европската филмска академија за најдобар филм наменет за млада публика во 2020 година. Ова е еден од оние филмови кои што после гледањето те прават подобра личност. Базиран е на вистинска приказна и ја следи приказната за помалиот брат на Џек, дете кое што е родено со Даунов синдром. Живеејќи со својот помал брат, Џио, на почетокот Џек беше возбуден сметајќи го својот брат за супер-херој. Но со текот на времето како Џек созреваше тој разбра дека неговиот помал брат е дете со попреченост и почнува да се срами од него и посакува брат му да не постои во неговиот живот. Кога Џек ќе се заљуби во Аријана, тој лаже дека брат му е починат. После некое време тој признава дека Џио е сè уште жив и повторно почнува да размислува дека таквите деца се навистина супер-херои. Приказната тече со голема вештина и го прикажува животот на Џио и Џек многу топло и поучно. Секако дека има и грешки и слабости кај ликовите, но важно е дека тие се градат во текот на филмот и стануваат подобри личности на крајот од приказната. Додека го гледавме филмот ние ја почувствувавме неговата поучност и ги сфативме предизвиците со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром и нивните семејства.

Tuesday, 1 November 2022

Литературно читање по повод Месецот на книгата и доделување на пофалници и благодарници

 



 















На 1.11. 2022 ( вторник)  во 12.00 часот во средниот двор на училиштето се одржа литературно читање на творбите на учениците по повод Месецот на книгата. Исто така се доделија и благодарници за донираните книги. Валентина Варелова- наставник, Јана Нушева 5-1, Павел Ристовски 2-1, претставник/претседател на 5-2- добија благодарници за донираните книги. Никола Деспотовски 2-2, Софија Димеска 2-2, Ева Милосављевиќ 9-1, Антонија Спасовска 2-2, Ања Анѓеловска 2-2, Марија Василевска 2-1, Павел Ристовски 2-1 и Матеа Гиновска 4-1 ги прочитаа своите творби добија пофалници за учество на конкурсот. Матеа Гиновска од 4-1 беше наградена со пофалница за освоено прво место на конкурсот. Исто така, беше прогласен и читателот на месецот октомври, а овој пат тоа е Илина Цветановска од 3-2 одделение.


МОЈОТ СОН

 

Мојот сон е убав сон,

 мојот сон е сказна мала,

во неа ја кријам мојата тајна.

 

Мојот сон е песна слатка,

мојот сон е игра кратка.

Мојот сон е е книга што ме мами,

да сонувам  и фантазирам ме кани.

 

Се надевам дека еден ден

и мојот сон ќе стане стварност,

затоа што за мене е од голема важност.

 

Матеа Гиновска   IV – 1 одд.

ООУ,,Св.Климент Охридски”

Ментор Елена Иванова 





Учество на нашиот психолг Ивана Јаневска на состанок на училишни психолози

                                        





Здружението на училишни психолози Психовизија во соработка со Центар за невропсихологија, психотерапија и за психологија Когниција на 31.10.2022, во ОУ 11 Октомври - Скопје, се зборуваше на темата анксиозни и депресивни нарушувања кај деца и млади за подобро разбирање на менталното здравје. На состанокот беше присутна и училишниот психолог на ООУ „Св. Климент Охридски“, Ивана Јаневска.

Завршна приредба по повод завршетокот на проектот ,, Насилството не е кул"

На 29.10.2026 во Домот на културата во Драчево нашите ученици присуствуваа на завршната приредба по повод завршетокот на проектот „Насилство...