🎬🌟 НАШИТЕ УЧЕНИЦИ – ФИЛМСКИ ЅВЕЗДИ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ! 🌟🎬
🎥 На 14 октомври 2026 година, во Кино „Фросина“, на отворањето на филмскиот фестивал „КинеНова“, премиерно беше прикажан филмот на младите филмски ѕвезди од основните училишта на Општина Кисела Вода, создаден во рамките на проектот „Снимај паметно, остави трага“. ❤️
✨ Проектот обедини 13 ученици од основните училишта во општината, кои под менторство на режисерката Марија Џиџева снимија краток филм на тема блиска до младите, со цел да се поттикнат креативноста, филмското изразување и создавањето видеосодржини што оставаат вредна трага и белег.
🌟 Нашите млади филмски ѕвезди, заедно со познатите гости на фестивалот, зачекорија на црвениот тепих, гордо претставувајќи го своето дело и покажувајќи дека креативноста, талентот и храброста немаат возраст!
👏 Посебно сме горди на нашите ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ – с. Драчево:
🎬 Петар Мицевски – VIII-2 одделение
🎬 Меланија Благојевска – IX-3 одделение
❤️ Им честитаме за учеството, вложениот труд и прекрасното искуство! Нека ова биде поттик за уште многу креативни идеи, нови филмски приказни и успеси!
🌟 Снимајте паметно, создавајте со срце и оставете трага што ќе се памети! 🎥👏
#ООУСвКлиментОхридски #КиселаВода #КинеНова #СнимајПаметноОставиТрага #МладиФилмскиЅвезди #ТалентИКреативност 🎬❤️

















No comments:
Post a Comment