🇲🇰 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија 🇲🇰
По повод претстојниот празник 11 Октомври, првачињата од I-1 одделение на часовите преку интересна приказна се запознаа со значењето на овој важен ден од македонската историја. ❤️
Разговаравме за тоа како Македонија го одбележува празникот, зошто го славиме и колку се важни слободата, храброста и љубовта кон татковината. 🇲🇰
Наученото го преточивме во креативни цртежи, преку кои нашите најмали ученици ја изразија својата љубов кон татковината. 🎨❤️
Да ја негуваме љубовта кон Македонија уште од најмала возраст!









No comments:
Post a Comment