Friday, 11 November 2022

Доделување на награди на 55 Детски Рацинови средби


Овогодинешните јубилејни 55 Детски Рацинови средби со свое присуство ги збогатија и учениците од 9-1 со нивниот ментор Валентина Трајкоска и библиотекарката во училиштето Наташа Старделова.

Градот Велес дишеше во духот на Рацина. Откако учениците се поклонија пред паметникот на великиот поет, продолжија кон спомен куќата на Рацин, каде ја погледнаа поставката на музејот. Потоа следна дестинација беше Градската библиотека ,, Гоце Делчев" во салата ,, Бели мугри" каде на свечена приредба им беше доделена втората републичка награда во категоријата ИКТ творби за нивниот краток уметнички филм ,,Рацин - поет на болката и љубовта". На свечената седница тие го проследија и импресивниот перформанс инспириран од животот и делото на безвремениот Рацин. Крајот на седницата беше искористен учениците да се запознаат и дружат со нашиот познат детски писател Горјан Петревски, кој вети набрзо дека ќе не' посети во училиштето. По свеченоста учениците го посетија и брегот на излетничкото место Езерото ,,Младост". 

Една слика- илјада зборови, а ние имаме избор од најдобрите слики. Погледнете ја галеријата со фотографии и видеа од денешниот ден. 






























No comments:

Post a Comment

Трибина: Тишината како поддршка- Нови пристапи во справувањето со сензорната пречуствителност

 Денес, 11.4.2025 во Домот на културата Билјана Беличанец се одржа трибина на темата: Тишината како поддршка, наменета за сите кои се заинте...