https://www.facebook.com/share/v/1CbVGPkzmw/
Денес со учениците од 3-2 одделение ги завршивме:
Мисија 2 -ДАЈ МУ ГЛАС НА ЗНАКОТ и
Мисија 3 -ШТО СЕ СЛУЧУВА ПРЕД НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ?
🚗🚚🚻Заедно со учениците направивме обиколка по улиците на нашето училиште и набљудувавме: која улица е најфреквентна, каде најмногу учениците ја преминуваат улицата, дали возачите застануваат на пешачки премин, дали возачите на автомобили ја почитуваат ограничената брзина, дали правилно се паркираат и сл.
Потоа навративме и до информативните табли,од кои секоја група си одбра по еден знак и со свои размислувања го опишаа преку текст и цртеж.
Исто така учениците ги изразија своите идеи и предлози за побезбедна училишна околина.
Учениците одбраа:
✔️ Одбележување на пешачките премини со нова боја и раскрилени пешачки премини за поголема безбедност
✔️ Поставување на повеќе видливи знаци,како би го привлекле вниманието на возачите
✔️ Поставување на нови улични светла со што би се подобрила видливоста во вечерните часови
Од поинтересните: надземен премин (мост) преку улица, подземен премин, камери (сејф сити), семафори, улица само за пешаци и велосипедисти до училиште.
#schoolstreet #childrenminds


























No comments:
Post a Comment