Monday, 10 October 2022

#ErasmusDays во нашето училиште од 10-14 октомври - Прв ден/ #ErasmusDays in "St. Kliment Ohridski| from 10-14 October- First day

 















Во склоп на Еразмус+ проектот, чиј одговорен наставник е Тања Петков, во нашето училиште, беше приредено топло добредојде на гостите од Риека, од основното училиште Подмурвице, од страна на нашите ученици и вработени. 

Првиот ден според агендата учениците се запознаа меѓусебно и заеднички направија видео.

As part of the Erasmus+ project, a project organized by the teacher Tanja Petkov, the guests from Rijeka, from Podmurvice Elementary School, were given a warm welcome in our school by our head teacher, students and teachers. 

On the first day on the agenda, students met each other and made a video together.








Sunday, 9 October 2022

12 Конференција на асоцијацијата на наставници по англиски јазик во Македонија

 На 8 и 9 октомври во хотелот Дрим во Струга се одржа 12 Конференција на асоцијацијата на наставници по англиски јазик во Македонија под мотото „Истаржување и споделување на уметноста на подчувањето“. Претставници од нашето училиште беа Валентина Кикеркова која во исто време и беше предавач на конференцијата на тема „Подучување култура во наставата по англиски јазик“ и Душица Алексиевски -Гулабоски.









Активност од спортско-рекреативната секција

 Велосипедска тура низ Драчево

Спортско - рекреативната секција ја организираше и оствари својата велосипедска тура низ Драчево. Младите велосипедисти се рекреираа и забавуваа возејќи дури 11,25 км во текот на турата. Одговорен наставник на оваа секција е Александар Ѓеорѓиевски. 









Friday, 7 October 2022

Активности по повод „Детската недела"

Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела под мотото  „Детски права за наше детство“

 Активности по повод "Детска недела" во нашето училиште

Приредба по повод ДЕТСКА НЕДЕЛА и прием на првачиња во Детската организација.
Одговорни наставници:

Елена Симоновска и Лиле Велјановска






Активности по повод "Детска недела".
III-2 одд.
Одд.наставник: Билјана Петрушевска





III-1 одд.
Одд.наставник: Елена Симоновска





1-1 и 4-2 Заедничка соработка по повод детската недела






Одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

 По повод Светскиот ден на лицата со ЦП (церебрална парализа), на 6
октомври во нашето училиште беше организирана работилница со учениците од V 1 одд. Една од главните цели на овој ден е да промовира поинклузивно општество за овие лица.

"Луѓето со ЦП се интелигентни, силни и способни"!




Wednesday, 5 October 2022

ООУ„Св.Климент Охридски“го одбележува 5 Октомври- Светскиот ден на учителите

 


Во Детската недела има еден голем и значаен ден кој се празнува во целиот свет, тоа е 5 ОКТОМВРИ- ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ. Тоа беше повод овој ден да се  одбележи со пригодни активности за време на часовите. Учениците твореа и се заблагодарија на своите учители на овој нивен ден. 







-Учителите се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.


- Оние што добро ги едуцираат децата треба да бидат почестени повеќе од родителите, затоа што тие даваат живот, а наставниците ја даваат уметноста на доброто живеење.

- Добриот наставник е како свеќа - се троши себеси за да им го осветли патот на другите.

- Добрите наставници знаат како да го извлечат најдоброто од учениците.

- За една земја да биде ослободена од корупција и да стане нација на убави умови, има три клучни општествени членови што можат да направат разлика: таткото, мајката и наставникот.

- Професијата наставник е благородна професија што ги обликува карактерот и иднината на една личност.

- Ако треба да поставите некого на пиедестал, ставете ги наставниците. Тие се хероите на општеството.

- Образованието не е само полнење на тенџерето, туку палење на огнот.

- Просечниот учител раскажува. Добриот учител објаснува. Kвалитетниот наставник демонстрира. Најдобриот инспирира.

- Врховната уметност на наставникот е да ја разбуди радоста во креативното изразување и знаење.

- Потребно е големо срце за да се помогне во обликувањето на малите умови.

- Во наставата не можете да го видите плодот на дневната работа. Тој е невидлив и останува таков можеби дваесет години.

- Наставниците се најодговорни и најважни членови на општеството бидејќи нивните професионални напори влијаат врз судбината на земјата.

- Единствената надеж за човечко спасение лежи во поучувањето.

- Наставниците можат да го променат животот на учениците со правилна мешавина од креда и предизвици.

Почитувани учители и просветители, нека ви е честит ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ, и натаму останете посветени на вашата благородна мисија. Во време на вака отежнати околности со кои се соочуваме, уште позначајна е вашата улога. Успешно справувајте се со сите предизвици во процесот на воспитно-образовна работа и истрајте на патот во создавање генерации со високи интелектуални достигнувања кои ќе се залагаат за добросостојба на целото општество.



Saturday, 1 October 2022

Oдбележан Европскиот ден на училишен спорт во нашето училиште



 По повод European School Sport Day на 30.9.2022 година нашето училиште зема активно учество со неколку спортски активности. Под менторство на наставникот по ФЗО Александар Ѓеорѓиевски учениците од 6-1, 6-2 и 7-1 ( вкупно 32 ученика)  земаа учество во пешачка тура во должина од 12 километри, почнувајќи од црквата Св.Спас потоа кон манастирот Пеленица кон кота и завршница на локалитетот Три Круши. На локалитетот Пеленица се изведуваа и вежби за истегнување и разгибување.


Галерија со слики и видеа од настанот
















Завршна приредба по повод завршетокот на проектот ,, Насилството не е кул"

На 29.10.2026 во Домот на културата во Драчево нашите ученици присуствуваа на завршната приредба по повод завршетокот на проектот „Насилство...