Во Детската недела има еден голем и значаен ден кој се празнува во целиот свет, тоа е 5 ОКТОМВРИ- ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ. Тоа беше повод овој ден да се одбележи со пригодни активности за време на часовите. Учениците твореа и се заблагодарија на своите учители на овој нивен ден.
-Учителите се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.
- Оние што добро ги едуцираат децата треба да бидат почестени повеќе од родителите, затоа што тие даваат живот, а наставниците ја даваат уметноста на доброто живеење.
- Добриот наставник е како свеќа - се троши себеси за да им го осветли патот на другите.
- Добрите наставници знаат како да го извлечат најдоброто од учениците.
- За една земја да биде ослободена од корупција и да стане нација на убави умови, има три клучни општествени членови што можат да направат разлика: таткото, мајката и наставникот.
- Професијата наставник е благородна професија што ги обликува карактерот и иднината на една личност.
- Ако треба да поставите некого на пиедестал, ставете ги наставниците. Тие се хероите на општеството.
- Образованието не е само полнење на тенџерето, туку палење на огнот.
- Просечниот учител раскажува. Добриот учител објаснува. Kвалитетниот наставник демонстрира. Најдобриот инспирира.
- Врховната уметност на наставникот е да ја разбуди радоста во креативното изразување и знаење.
- Потребно е големо срце за да се помогне во обликувањето на малите умови.
- Во наставата не можете да го видите плодот на дневната работа. Тој е невидлив и останува таков можеби дваесет години.
- Наставниците се најодговорни и најважни членови на општеството бидејќи нивните професионални напори влијаат врз судбината на земјата.
Почитувани учители и просветители, нека ви е честит ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ, и натаму останете посветени на вашата благородна мисија. Во време на вака отежнати околности со кои се соочуваме, уште позначајна е вашата улога. Успешно справувајте се со сите предизвици во процесот на воспитно-образовна работа и истрајте на патот во создавање генерации со високи интелектуални достигнувања кои ќе се залагаат за добросостојба на целото општество.
No comments:
Post a Comment