Sunday, 21 May 2023

Тридневна наставно-научна екскурзија на деветтоодделенците во Берово

 Во периодот од 15-17 мај во рамките на програмата на училиштето беше изведена тродневна наставно-научна екскурзија со учениците од деветто одделение. Дестинацијата беше Источна Македонија и запознавање со овој ретко посетуван предел. Беа посетени Штип, Берово и Пехчево со нивните знаменитости. 

Одговорните наставници беа Орце Лазаров, Биљана Илиева и Валентина Варелова

Извештај за реализација на тридневна наставно-научна екскурзија во IXодделение во период од 15-17.05.2023 година

Скопје-Штип-Берово-Пехчево-Скопје

 15.05.2023 г. - 1 ден

8 часот - Тргнување според планираната екскурзија од с. Драчево и упатување кон градот Штип

10 часот - Посета на првото училиште каде бил учител Гоце Делчев и посета на црквата Сб. Богородица

11 часот - Посета на Завод и Музеј на револуционерната борба во Штип

12 часот - Посета на Археолошкиот музеј во Штип

13 часот - Посета на Етнолошкиот музеј во Штип

14 часот - Разгледување на градот Штип

15 и 30 часот - Упатување кон градот Берово

17 - 18 часот - Вечера

Пристигнување во хотел Вип и сместување на учениците.

16.05.2023 год. - 2 ден

9-10 часот - Појадок во просториите на хотелот

11 - 14 часот - Посета на градот Берово (посета на центарот на градот, црквата Св.Богородица, женскиот манастир)

14-16 часот - Ручек

16-18 часот - Слободни активности, панорамско разгледување на Беровското Езеро

19 часот - вечера во хотелот

20 - 22 часот - организирана забава за учениците

17.05.2023 г. - 3 ден

9-10 часот - Појадок во просториите на хотелот

11-11 и 30 часот - Пакување и напуштање на собите на хотелот

12 часот - Упатување кон градот Пехчево

12 и 30 часот - Посета на Спортско-рекреативниот комплекс „Езерце“ во Пехчево

14 и 30 - Ручек

16 часот - Упатување кон Скопје

18 часот - Пристигнување во с.Драчево

За време на тридневната екскурзија имаше пратител и доктор.

Екскурзијата помина во најдобар ред во однос на здравјето, безбедноста и сместувањето на учениците.

Одделенски раководители

Орце Лазаров IX -1 одд.

Биљана Илиева IX -2 одд.

Валентина Варелова IX -3 одд.

No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...