Вселена.Човек.Интелигенција. е интерактивна изложба за млади која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува низ светот, а IX одделение ја посети денес во изложбениот простор на Културно-информативен центар во Скопје.
Изложбата Вселена.Човек.Интелигенција. обработува пет големи тематски области: вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка интелигенција. За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се на пр. компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации, со кои може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите и сл.
Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им се покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Изложбата кај нашите ученици поттикна љубопитност за истражување на различни полиња и стимулира размислување за научни и општествени теми.
Покрај изложбата, учениците од IX одделение ја посетија и Зелената градина во ГТЦ.
Биологија и Германски јазик - кој вели дека не може да се комбинира😀
No comments:
Post a Comment