Денес, 6.11.2025 година се одржа обука за ученици од 7-9 одделение за уредување на Википедија на македонски јазик, а нашиот Вики клуб се збогати за 9 нови членови. Претставниците од Викимедија МКД, Боса Филиповиќ и Јован Тасевски одржаа обука за новите членови што резултираше со создадени 11 нови статии на македонската Википедија на темата детски книги и автори, за кои досега немаше статија на македонски јазик. Со оваа активност Вики клубот се вклучува во одбележувањето на Месецот на книгата, активност на библиотекарката и координаторката на Вики клубот во нашето училиште, Наташа Старделова.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Проект Млади ученици и демократска култура
5 - 1 беше дел од проектот Млади ученици и демократска култура - Развивање вештини преку јазично образование (Decode) подржан од ЕУ. Во наш...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...
No comments:
Post a Comment