Вики камп Попова Шапка е тридневен Вики камп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржа за време на викендот 5-7 декември 2025 година, и беше посветен тематски за „Занаети и народни носии“. Проектот е во организација на Здружението Викимедија МКД. Годинава Вики кампот се одржува во хотел Арена, Попова Шапка. Вики кампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија. Членовите на Вики клубот „Климент", Мила Филиповска и Калина Боцевска зедоа активно учество под менторство на Наташа Старделова, библиотекар во нашето училиште. На кампот според програмата учесниците следеа предавања на темата и имаа уредувачки активности на Википедија на македонски јазик заедно со другите 40 волонтери, а резултатот беа 243 ново напишани статии.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Осмиот број на „Наш збор“ -весникот на нашето училиште
Погледнете го новиот број од нашиот весник: Осмиот број на весникот „Наш збор“
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...























No comments:
Post a Comment