Wednesday, 1 July 2026

Доделени ваучери за талентирани ученици кои постигнаа високи резултати и освоија државни награди од страна на Општина Кисела Вода

 







Денес, во Домот на културата „Билјана Беличанец“, беа доделени ваучери за талентирани ученици кои постигнаа високи резултати и освоија државни награди на акредитирани натпревари во учебната 2025/26 г.

Горди сме што меѓу наградените се и ученици од нашето училиште:

🏆 Ања Анѓеловска (V-2 одделение), добитничка на државна награда по англиски јазик, под менторство на наставничката Валентина Кикеркова (одделенски раководител Лиле Велјаноска).

🏆 Никола Крковски (VIII-2 одделение), добитник на државна награда по македонски јазик, под менторство на наставничката Александра Кузмановска.

🏆 Дарко Станојевски (VIII-2 одделение), добитник на државна награда по биологија, под менторство на наставник советник Биљана Илиева.

Искрени честитки до нашите ученици и нивните ментори за посветеноста, трудот и извонредните постигнувања!

Ви посакуваме уште поголеми успеси, нови предизвици и многу освоени награди во следната учебна година. Горди сме на вас! 🎊🎊 🎊

No comments:

Post a Comment

🌿 ДА ОСТАВИМЕ ПРИМЕР, НЕ ЃУБРЕ! 💚

 🌿 ДА ОСТАВИМЕ ПРИМЕР, НЕ ЃУБРЕ! 💚 ♻️ Најголемата еко-акција досега! Денес, 30 септември, во 10:00 часот , започна големата еколошка акциј...