Thursday, 12 November 2026

НЕ ОСТАВАЈ ЃУБРЕ. ОСТАВИ ПРИМЕР!

🌿🌍 НЕ ОСТАВАЈ ЃУБРЕ. ОСТАВИ ПРИМЕР! ♻️💚

Нашето училиште и овојпат со активно учество ја поддржа еколошката акција на Град Скопје и Општина Кисела Вода, посветена на генерално чистење, уредување и разубавување на јавните површини низ општините.

Во рамките на акцијата, учениците и вработените во нашето училиште се погрижија за чистење и уредување на училишниот двор и околниот простор, давајќи свој придонес за почиста, поубава и поздрава животна средина. 🌱

Со ваквите активности не само што го разубавуваме просторот во кој учиме и работиме, туку и ја развиваме еколошката свест, одговорноста и грижата за заедницата кај најмладите.

💚 Чистата животна средина започнува од секој од нас! Да оставиме добар пример, а не отпад зад себе!

#НеОставајЃубреОставиПример #ЕкоАкција #ООУСвКлиментОхридски #КиселаВода #ЗаЧистоСкопје #ЕколошкаСвест 🌍♻️









No comments:

Post a Comment

НЕ ОСТАВАЈ ЃУБРЕ. ОСТАВИ ПРИМЕР!

🌿🌍 НЕ ОСТАВАЈ ЃУБРЕ. ОСТАВИ ПРИМЕР! ♻️💚 Нашето училиште и овојпат со активно учество ја поддржа еколошката акција на Град Скопје и Општи...