Friday, 10 July 2026

Подготовка на програма за проектот „Star for Life"

 Започна проектот во нашето училиште „Star for Life“, чија главна цел е превенција на булингот и врсничкото насилство.

Нашето училиште отпочнува со проектот „Star for Life“ што претставува значаен чекор во продлабочувањето на соработката и е недвосмислена потврда на меѓународната поддршка за градење поздрава училишна средина. Се работи интензивно на програмата по која македонскиот тим ќе работи со наставниците и учениците од четврто, петто и шесто одделение на препознавање и спречување на ризични ситуации.

Со нетрпение ја очекуваме следната средба во август за поинтензивни подготовки за новата учебна година.


No comments:

Post a Comment

Тим билдинг на колективот за проектот ,, Star for life"

 Денес, 19.8.2026 година, се одржа првата средба со наставниците и стручните соработници од планираните пет на кои колективот на нашето учил...