Tuesday, 28 July 2026

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

 


📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинче ІV-a" на која писателката Илина Ј. Јаковчевска ги оживеа дваесет и три стихотворби на малата Илинче од ІV-а одделение, од далечната 1993 година. пишувани токму тука, во ова училиште, во оваа училница...✒️📝 Преку издавањето на оваа стихозбирка Илина Јовановиќ Јаковчевска го остварува сонот на малата Илинче од IV-а одделение.

🌸Промотор на настанот беше Елена Симоновска, исто така, писателка која од тоа време ја делела училишната клупа со Илина. На промоцијата во присуство на голем број љубители на книгата и пишаниот збор, пријатели и познати, во срдечна атмосфера се разви дискусија за патот на ова книжевно дело од пред многу години, кое иако прво, тивко и трпеливо го чекаше својот ред да биде објавено сега.

Домаќин на промоцијата беше нашето училиште ООУ ,,Св. Климент Охридски", за чиј патрон има пишувано и малата поетеса, заедно со песната за својата прва учителка Олга Ацевска, која ја всадува желбата за книжевно творење. Во книгата се собрани сите творби кои го обележале растењето на малата Илина од 4а исполнети со детска растрепереност и сензибилност. 

Посакуваме ова дело да го најде патот до своите читатели, да ги охрабри да ги остварат своите соништа како што се оствари сонот на некогашното дете Илина.









No comments:

Post a Comment

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...