Sunday, 15 March 2026

First Lego leauge championship Тема - Археологија



 На 14 и 15 март 2026 во Дајмонд мол се одржа натпреварот First Lego leauge championship
 на тема - Археологија. Нашиот тим Blue Ocean достојно го претсави нашето училиште и го презентираше својот проект. 

Членови на тимот беа :

1.Биљана Илиева – наставник по биологија

2.Душица Алексиевски-Гулабоски – наставник по англиски јазик

3. Петар Мицевски

4. Иван Весковски

5. Дамјан Трпевски

6. Дарко Станојевски

7. Дарија Јаковчевска

8. Михаела Димитровска

Нашиот проект - Иновативни решенија за истражување на скопскиот аквадукт и Скупи

Преку овој проект имавме можност да истражиме како функционирале старите инженерски системи и да разбереме колку напредни биле инженерските решенија во минатото. Работејќи на моделот, научивме како гравитацијата влијае на движењето на водата, како се програмира робот и како сензорите му помагаат на роботот да донесува одлуки. Воедно, сфативме дека историјата и технологијата можат успешно да се поврзат и заедно да создадат нов начин на учење и истражување.

Овој проект ни покажа дека старите технологии не треба да се гледаат само како дел од минатото, туку како извор на знаење и инспирација. Преку STEM пристапот можеме подобро да ги разбереме овие системи и да ги претставиме на современ начин. Дополнително, научивме дека роботиката може да има важна улога во области како археологијата, каде технологијата може да помогне во истражување и зачувување на културното наследство.

Нашата главна порака е дека Скопскиот аквадукт не е само стар камен објект, туку доказ дека луѓето уште во минатото поседувале извонредни инженерски знаења. Преку нашиот LEGO модел и роботика, покажуваме дека можеме да го разбереме и оживееме тоа знаење, поврзувајќи го со модерната технологија и со иднината на инженерството. 
Темата на натпреварот беше Археологија, а тимот се претстави со иновативно решение за скопскиот аквадукт и археолошкиот локалитет Скупи. Во вториот дел од натпреварот учениците се натпреваруваа во роботската игра каде ги решаваа мисиите поврзани со археологијата. Изразуваме голема благодарност до сите родители кои ни ја дадоа огромната  поддршка во текот на натпреварот.

Слики од натпреварот First Lego leauge championship
Тема - Археологија











 

No comments:

Post a Comment

„Работа со хартија и картон“

 На часот по Техничко образование, учениците од IV -1 работеа на тема „Работа со хартија и картон“. Со многу креативност и труд, тие изработ...