Денес, 12.3.2026 година нашето училиште ја претстави Република Македонија на настанот во ООУ „Невена Георгиева -Дуња, „Саем на Франкофонските држави" каде беа присутни градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, францускиот амбасадор, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Н.Е. Кристоф Зомер, претставници на Францускиот институт во Скопје, претставници на Меѓународното француско училиште (ЕФИС) и од Центарот за кариера при УКИМ.
Голема благодарност до родителката Ане Ѓорѓиeвска, @Ane Blue Flowers за прекрасниот цветен аранжман, со кој ја претставивме Македонија на денешниот настан „Денови на Франкофонијата“.
Најголема благодарност до Валентина Терзиева, без чии вредни и неуморни раце се' ова ќе беше многу посиромашно.
„Саем на Франкофонските држави"
Преку ангажманот на нашите ученици и наставници, на најдобар можен начин ја претставивме културата и традицијата на нашата мила татковина
🇲🇰М А К Е Д О Н И Ј А🇲🇰
🌸Голема благодарност за заложбите на сите колеги кои придонесоа за прекрасниот изглед на нашиот штанд кој ги задржа погледите на сите присутни:
Елена Симоновска
Валентина Терзиева
@Lile Veljanovska
Тања Стојановска Петков
Elena Stefkovska Petrushevska
Наташа Старделова
@Konstantin Vasilevski
@Violeta Tosevska
-Ученикот Андреја Петрушевски кој храбро и гордо нè претстави на француски јазик, како и до сите ученици од петто одделение кои се покажаа во најдобро светло! 🇲🇰❤️





































No comments:
Post a Comment