Thursday, 19 March 2026

Ден на пролетта - уредување на парцелите на одделенијата



 

Денес, 19.3. 2026 година го одбележуваме Денот на пролетта со традиционално разубавување на нашиот училиштен двор.  
 Денот на пролетта во нашето училиште дише и во знакот на љубовта, убавината и цвеќето. Стара традиција е секое одделение да има свое катче во школскиот двор. Секое од одделенијата ја разубави својата парцела со нови цвеќиња, овошки, садници, семчиња... Задоволство, радост и  гордост од засадувањето на нов живот се гледаат и на малите детски лица. Така учиме да се грижиме за природата и колку е важно да ја чуваме. Нашиот двор сега е поубав и полн со боја!






























































































No comments:

Post a Comment

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...