Во периодот од 16 до 19 февруари 2026 година, во градот Силифке - Мерсин (Турција) успешно се реализираше третата мобилност во рамки на Erasmus+ проектот „Game for SEL“.
На мобилноста учествуваа: координаторот на проектот Тања Петков, наставничката по македонски јазик Виолета Трпевска, педагогот Елена Петрушевска и наставничката по биологија/наставник ментор Биљана Илиева.
Мобилноста започна со топло и срдечно добредојде во основното училиште Yesilovacik, каде што беа реализирани работилници со ученици и едукативни игри за наставниците, насочени кон развој на социјално-емоционалните вештини преку игра.
Во текот на програмата беа посетени повеќе училишта. Следната активност се одржа во училиштето Azok, кое применува едукативни игри за развивање на менталната интелигенција кај децата, како и во основното училиште Sehit Ragip Kose, каде учесниците имаа можност да учествуваат во работилница посветена на традиционалните турски игри.
Последните активности беа реализирани во училиштето Goksu Ilkokulu, каде учениците и наставниците заеднички учествуваа во интерактивни игри. Како симбол на пријателството, соработката и мирот, во училишниот двор беа насадени маслинови дрвца.
Мобилноста заврши со свечена церемонија на која беа доделени сертификати од претставник на турската Национална агенција. На настанот учествуваа и наставници од партнерските училишта од Франција и Австрија, што придонесе за збогатување на меѓукултурната размена и споделување на добри образовни практики.












































No comments:
Post a Comment