Thursday, 19 February 2026

Чествување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на Институтот за македонски јазик

 Денес, 19 февруари, во големата сала на Институтот за македонски јазик ,,Крсте Мисирков" се одржа чествување на 21 Февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик. На прославата говореа: Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова; директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Гоце Цветановски. Модератор на настанот беше м-р Филип Белчев. Со уметничка интерпретација на стихови од нашите поети, великани (Бл.Конески, А.Шопов и П. М. Андреевски) се обрати актерот Никола Ристановски. Вториот дел од настанот беше исполнет со тематски рецитации на ученици од различни средни и основни училишта, секој на својот јазик. Прославата на мајчиниот јазик беше извонредно доживување за секој од присутните во полната сала, прослава на различностите и единственоста на мајчиниот јазик, оној со кои сме задоени уште од раѓање. Секој може да научи да говори многу јазици, но може да сонува само на мајчиниот јазик. Од нашето училиште присутни беа Јана Китановска и Анастасија Тодорова од 9-1 одделение, библиотекарот и дефектологот на училиштето, и наши поранешни ученички, сега студенти на Катедрата за македонски јазик при ФФ ,,Блаже Конески".


























No comments:

Post a Comment

Втора средба од обуката за холистичко образование

 На втората средба која се одржа на 26.8.2026 година во нашето училиште наставниот кадар се здоби со вештини за развивање на здрав однос кон...