Sunday, 9 November 2025

„Превенција од насилен екстремизам, радикализам и врсничко насилство" - обука

На 7 и 8.11.2025 година се одржа обука за „Превенција од насилен екстремизам, радикализам и врсничко насилство" во организација на Центарот за толеранција и доживотно учење. На обуката се споделуваа искуства и решенија на наставниците во врска со врсничкото насилство. Предавач на обуката беше м-р Славе Младеновски, социолог и лиценциран медијатор, кој умешно ги водеше дискусиите. Вмрежувањето со колегите, размената на различни искуства и споделувањето на проблемите со кои се соочуваат наставниците секојдневно во работата ги прави овие обуки неопходни за справување со предизвиците во работата со учениците.

Претставници од нашето училиште на оваа обука беа наставничката по македонски јазик Виолета Трпевска и наставничката по биологија Биљана Илиева.





No comments:

Post a Comment

Новогодишна лотарија и тркало на среќата

 Среќата е и во малите нешта. Дедо Мраз беше дарежлив и за вработените кои го свртеа тркалото на среќата и добија новогодишни подароци. Среќ...