Wednesday, 12 November 2025

Одбележување на 81 година од ослободувањето на Драчево

Денес се одбележуваат осумдесет и една година од ослободувањето на Драчево од фашистичката окупација, ден потоа бил ослободен и градот Скопје. Се воделе нерамни и тешки борби, но одлучноста и храброста на партизаните била голема да се ослободат родните огништа. Многумина ги положиле своите животи на олтарот на слободата.
 Во присуство на бројни делегации, претставник на градоначалничката на општина Кисела Вода и бројни наши сограѓани, директорката Елена Симоновска положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во с. Драчево а потоа беше проследена пригодната програма подготвена од нашето училиште за спомен на борците. Слава им. 





































 

No comments:

Post a Comment

Литературно читање по повод затворањето на Месецот на книгата

       Денес, 14 ноември, во училницата на 5-2 одделение беше свечено. Ја претворивме училницата во мала сцена каде со тивка музика, поезија...