Wednesday, 19 February 2025
21 Февруари- Ден на мајчиниот јазик
Наградени ученици на конкурсот „Јазикот како чувар на културниот идентитет“
Со дипломи и награди денес во свечената сала во Општина Кисела вода беа наградени тројца ученици од нашето училиште по повод 21 Февруари- Денот на мајчиниот јазок. Прво место за Василиј Ѓорѓиевски од 5-1 одделение, второ за Матеа Стојановска од 9-2 за поетските творби, и второ место за Марија Тренкоска 8-2 за нејзината ликовна творба на конкурсот распишан од Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура при Општина Кисела Вода по повод Денот на мајчиниот јазик. Честитки и нека ни е честит Денот на мајчиниот јазик- 21 Февруари.
Во продолжение прочитајте ги наградените творби:
ЈАЗИКОТ КАКО ЧУВАР НА КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ
Нашиот јазик убав
македонски се вика
како чист извор се лее,
како сончеви зраци блика.
Оставен од дедо и прадедо
како најголема светост да го чуваме
со него да учиме, пишуваме,
да твориме, да го негуваме.
Најубавите сказни,
песни и умотворби
со него се напишани,
со букви и зборови македонски
како ѓердан се нанижани.
Вредноста негова е голема
како езеро мирно,
како небото ширно
треба да го чуваме, учиме, пишуваме
со книгата да другаруваме.
Јазикот македонски е нашето огниште
никогаш не згаснува и свети како жар
ги поврзува минатото и иднината,
тоа е наш најголем дар.
Василиј
Ѓорѓиевски
V- 1 одд.
ООУ ,, Св. Климент
Охридски’’
С.Драчево, К. Вода,
Скопје
Ментор- Нена
Цветковска
Јазикот
како чувар на културниот идентитет
Кога некој ќе прозбори на
мајчиниот свој глас,
во душата му тлее
најголемиот спас.
Јазикот е дел од нашиот корен
кој за сите нас е створен.
Зборовите македонски течат
брзо како река,
кои ќе се почитуваат и говорат довека.
Во јазикот што го зборуваме
се крие нашето дело,
кое без учителите и не би било цело.
Јазикот е чуварот наш кој во секое
време се почитува и сака,
затоа да твориме и создаваме на
мајчин јазик и не ни е голема мака.
Македонскиот јазик е нашиот
милостлив глас,
кој се крие во секој од нас.
Говорот македонски на нас
ни дава голема сила,
која што на секому му е мила.
Јазикот како чувар на македонскиот
идентитет е нашата сила што
негува долга историја.
Во зборовите наши живее нашата
гордост, приказна и меморија.
Ученик: Матеа Стојановска IX-2 одд______________________
Ментор:Виолета Трпевска____________________________
Училиште: „Св.Климент Охридски“ с.Драчево
Директор: Елена
Симоновска______________________
Tuesday, 18 February 2025
Општински натпревар по биологија
На 14.2.2025 год. се одржа општински натпревар по биологија на кој нашите ученици Михаела Димитровска од 8-1 и Матеј Димишковски 8-2 освоија втора награда под менторство на Биљана Илиева. Честитки и многу успех понатаму!
Sunday, 16 February 2025
Пешачка тура до Шпела
Во организација на спортско-рекреативната секција при ООУ Св. Климент Охридски Драчево денеска се реализираше пешачка тура до Драчевска пештера-Шпела.
Wednesday, 12 February 2025
Неделата на информатиката 2025
Со голема возбуда, го најавуваме одржувањето на Неделата на информатиката 2025 во периодот од 10-14 февруари. Во текот на оваа недела, ќе се реализираат бројни едукативни и забавни активности за учениците, наставниците и родителите, фокусирани на важноста на информатиката во секојдневниот живот, дигиталната безбедност и технолошките иновации.
Цел на неделата:
Да ги инспирираме учениците да ја истражуваат информатиката и технологијата, да ги едуцираме за дигиталната безбедност и да ја зајакнеме соработката меѓу училиштето, учениците и родителите.
За инспирација за вашите активности посетете ја нашата страна со ресурси на следниот линк.
Во рамки на Неделата на информатиката ќе се одбележи и Денот за побезбеден интернет. Оваа година темата на овој ден е „Предобро за да биде вистинито. Да се заштитиме од онлајн измами“.
Резултати од општинскиот натпревар по математика
Sunday, 9 February 2025
Втора награда на Чудесна лабораторија
Свечено доделување на признанија на најдобрите презентации во склоп на проектот ,,Чудесна лабораторија", заедно со Просветно Дело АД Скопје.
4- 1 одделение учествуваше во овој проект и доби втора награда. Ментор: Тања Петков
Чудесна лабораторијa
Минатата учебна година нашите дечиња од II 2 одделение заедно со наставничката Марина Божиновска Тасевска беа дел од проектот ,,Чудесна лабораторија", заедно со Ксенија Маказлиева Трајчева и Весела Весе Богдановиќ. Проектот се заокружи со убава дружба со сите учесници, наградени наставници, многу музика и заеднички активности.
Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"
📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа промоција на книгата"Перото на Илинч...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...







































