Wednesday, 25 October 2023
Есенска магија
Завршна активност до МИО проектот„ Градиме мостови“
Денес, 25.октомври ја завршивме и последната активност од грантот ,,Градиме мостови", кој го реализираме со нашето партнер училиште ООУ,,Наим Фрашери" с. Моране и с. Студеничани. Активноста ја започнавме во нашето училиште, каде се запознавме преку играта ,,каменот што зборува" (Топче кое си го подававме, а тој што го има топчето треба да си го каже името). Потоа, преку локалитетот Три Круши се упативме кон местото викано Кота. По пат имавме можност панорамски да ги видиме населените места Драчево и Студеничани, а посебно верските локалитети на двете заедници. Дружбата траеше во текот на целото пешачење, а на Кота имавме можност да набљудуваме со телескоп. На пат кон дома се одморивме и уживавме во глетката на Три Круши. Како добри домаќини, ги поканивме да ја посетат нашата библиотека, а библиотекарката им подари книги. Иако активностите од грантот ни завршија, се разделивме со желба дека и во иднина ќе имаме вакви активности, кои ќе влијаат за подобар соживот на младите од различни етнички заедници.
Завршна приредба по повод завршетокот на проектот ,, Насилството не е кул"
На 29.10.2026 во Домот на културата во Драчево нашите ученици присуствуваа на завршната приредба по повод завршетокот на проектот „Насилство...
-
🌟 ЧЕСТ И ПРИЗНАНИЕ ЗА НАШИТЕ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ! 🌟 По повод Денот на учителот , Општина Кисела Вода ги избра и награди најдобрите настав...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:













































