Friday, 20 February 2026

Рецитаторски натпревар на Денот на мајчиниот јазик

 Свечено, со рецитации на македонски, денес 20.2.2026 година беше одбележан Денот на мајчиниот јазик. Рецитаторскиот натпревар имаше навистина со масовно учество од сите ученици од 2 до 9 одделение, а резултат беа три први, три втори и три трети места и голем број пофалници за учество. Се надеваме дека ова ќе биде поттик да се организираат и други вакви настани каде јазикот, убавиот збор и поезијата и понатаму ќе се негуваат. Резултатите се следниве: Андреа Петрушевски од 3-2, Калина Ацевска 3-2 и Меланија Георгиева од 5-2 добија дипломи за прво место, второто место го делат: Каја Златановска 2-2, Ева Трпевска 2-1 и Ива Трпчевска 5-1, третото место им припадна на Миа Јаневска 5-2, Ирис Станков 2-2 и Анастасија Стефковска 3-2. Беа доделени уште 38 пофалници за сите учесници во натпреварот. Дипломите им ги врачи директорката Елена Симоновска, а жири комисијата беше во состав: Лидија Дузлевска, наставник по англиски, Татјана Каранфиловска, одделенски наставник, Лиле Велјановска, одделенски наставник и библиотекарката Наташа Старделова. Во проволжение погледнете галерија слики од денешниот ден. Честитки и нека ни е вечен денот на мајчиниот јазик!















































Thursday, 19 February 2026

Чествување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на Институтот за македонски јазик

 Денес, 19 февруари, во големата сала на Институтот за македонски јазик ,,Крсте Мисирков" се одржа чествување на 21 Февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик. На прославата говореа: Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова; директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Гоце Цветановски. Модератор на настанот беше м-р Филип Белчев. Со уметничка интерпретација на стихови од нашите поети, великани (Бл.Конески, А.Шопов и П. М. Андреевски) се обрати актерот Никола Ристановски. Вториот дел од настанот беше исполнет со тематски рецитации на ученици од различни средни и основни училишта, секој на својот јазик. Прославата на мајчиниот јазик беше извонредно доживување за секој од присутните во полната сала, прослава на различностите и единственоста на мајчиниот јазик, оној со кои сме задоени уште од раѓање. Секој може да научи да говори многу јазици, но може да сонува само на мајчиниот јазик. Од нашето училиште присутни беа Јана Китановска и Анастасија Тодорова од 9-1 одделение, библиотекарот и дефектологот на училиштето, и наши поранешни ученички, сега студенти на Катедрата за македонски јазик при ФФ ,,Блаже Конески".


























,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...